Активисти со нова урбана уметничка акција на скверот на „Партизанска“ сакаат да укажат на големата сиромаштија во земјава.
На скверот е поставена огромна векна леб, под која минувачите можат да прочитаат дека стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21.5 или над 450 илјади луѓе.
„70.000 луѓе во Македонија може да си дозволат само три достојни оброка неделно. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно“, пишува под векната леб.