[Галерија] Фотореалистична уметност направена со сликање на таблет

Jamie Sanjuan е уметник кој создава фотореалистична уметност, сликајќи со своите прсти на таблет.

Во изминатите две години тој потрошил околу 1000 часа создавајќи неверојатно реалистични дигитални слики.

„Секој ден сликам по неколку часа користејќи ги само моите прсти. Знам дека е многу работа, но се исплати за финалниот резултат. Моите дела моментално се изложуваат во музеи и галерии низ светот, и среќен сум што мојот сон се остварува“, вели Sanjuan.

„Ако некогаш сте сакале да сликате, но сте немале простор или пари за потребните материјали, а имате таблет или смартфон, тогаш имате цела уметничка студија во вашиот џеб. Замислете што сѐ можете да направите“, додава.

Извор: Bored Panda