[Галерија] Фотографски проект во кој е застапена секоја нијанса на кожа на светот

Расата, етничката припадност и бојата не кожата биле фактор на поделба помеѓу луѓето со векови, но бразилската фотографка Анџелика Дас сака да ги надмине тие бариери со нејзиниот најнов проект, Humanae.

Дас е на мисија да фотографира примери од секоја боја на кожа во светот, за да докаже дека различноста  е повеќе од стандардните граници на бело, црно, црвено и жолто.

Humanae накратно станал популарен проект, откако започнал на почетокот на 2016. Благодарение на кампањата на социјалните медиуми, Дас направила 200 портрети додека патувала во 19 различни градови низ светот.

Прво ги фотографирала субјектите на бела позадина, а потоа селектирала квадрат од 11 пиксели од нивниот нос, користејќи ја природната боја на нивната кожа како позадина, според нијансите на индустријалните бои Пантон.

Дас вели дека проектот го доживува многу лично, бидејќи и самата пораснала во мешано семејство од различни раси во Рио де Жанеиро, па со години се соочувала со дискриминација врз основа на нејзината боја на кожа.

25

24

23

22

21

20

19

18

17

16

15

14

13

12

11

10

9

8

7

6

5

4

3

2

1