[Галерија] Фотографите и нивните „еурека“ моменти

На изложбата The Shot That Made Me, познатите фотографи ги потенцираат своите дела кои ги направиле популарни и им ја промениле кариерата.

Лора Панак: Стакло

„Мислам дека немам една фотографија која „ме направи тоа што сум“, но оваа е многу значајна за мене. До ден денес сум многу заинтересирана во динамиката меѓу фотографот и субјектот, а ова е фотографија која ме потсеќа дека моите дела не мора да кажуваат или прават само едно нешто. Ова е почетокот на разговор“.

Џејн Хилтон: Шипрок

„Додека патував низ САД во 2006, Times Magazine ме задолжи да фотографирам 17-годишен каубој со име Џеремаја Карстен. Имаше поминато 4000 милји на коњ од родната Алјаска до Мексико, за што му биле потребни две и пол години. Шипрок е евоцирачка фотографија од Џеремаја, кој јава крај патот. Дивите коњи кои јаваат зад него ги продаваше на локални ранчови, откако ќе ги припитомеше“.

Хари Борден: Брансон

GQ ме задолжи да ја направам оваа фотографија, која доби трета награда во категоријата портрети на World Press Awards 1997 година. Две години подоцна, ја добив втората награда во истата категорија со фотографија од Бјорк.

Венеција Дирден: Самерсет

Оваа фотографија е на насловната страница на мојата прва книга, „Somerset Stories, Fivepenny Dreams“. Многу ја сакам, и знам дека многу други исто така ја сакаат. Книгата одбележа пресврт во мојата кариера, бидејќи доби големо внимание и беше изложувана интернационално. Поминав шест години работејќи на овој проект, и моментот кога сета работа се вроди во книга беше прекрасен. Сѐ уште добивам охрабрувачки и љубезни пораки од луѓе од сите страни на светот кои се поврзале со неа.

Стјуарт Фридман: Индија

Ова е слика од верниците на Шива кои ритуално се бањаат под водопад во Кутралам, Тамил Наду, Индија. Случајно се најдов во поворката аџии – следбеници на Шива, кои се искачуваа боси по карпата до крајот на водопадот. Оваа фотографија ја одбележи мојата дводецениска врска со Индија, која сѐ уште трае.

Том Стодарт: Гимнастичарка

Секоја година илјадници деца, некои на само четири години, се запишуваат во Училиштето за спорт во Кина, и го започнуваат строгиот режим на тренинзи, создадени да ги претворат во Олимписки победници. Ако успеат да добијат злато на Олимписките игри, наградени се со парична награда од 25000 долари од владата. На оваа фотографија е прикажана млада гимнастичарка како вежба на своите скокови во Вухан спортското училиште.

Антонио Олмос: Малала

Требаше да ја фотографирам Малала Јусуфзаи за насловната страница на нејзината книга, „Јас сум Малала“. Фотографиите од таа фотосесија се објавени насекаде низ светот и висат во галериите и колекциите на портрети. Луѓето од сите страни на светот ги знаат овие фотографии, иако не го знаат моето име.

Тоби Смит: Пристаниште

Фотографијата, направена во 1:30 часот наутро на 2 февруари 2009 година на јужниот брег на Англија, беше употребена како метафора во европскиот печат за британскиот економски колапс како резултат на рецесијата. Но, беше искористена и да ја покаже неспособноста на Британците да се справат со лошото време.

Питер Денч: Епсом

Не е фотовест од значаен историски настан. Не е фотографија од глобално позната личност. Тоа е фотографија од стар човек во џемпер кој се смее. Изложувана е во повеќе од 80 земји, доби World Press Photo награда и се појави на многу корици и во магазините низ цел свет. Ми потврди дека фотографирањето може да биде забавно, и дека забавна фотографија може да биде успешна.

Брајан Грифин: Патници

Му платив пет шилинзи на таксист да вози полека крај Лондонскиот мост, додека ги фотографирам луѓето кои патуваат до работното место од задниот прозорец. Осумнаесет месеци откако го напуштив Манчестерскиот политехнички факултет, имав чувство дека сум направил извонредна фотографија. Тоа беше моментот кога сфатив дека имам потенцијал.

Извор: Guardian