Фотографии на светските метрополи слични на оние направени од вселената

Овие фотографии можеби изгледаат како градовите снимени навечер од астронаутите на Меѓународната вселенска станица, но тие се внимателно конструирани благодарение на податоците од јавните мапи и интервенциите на уметникот Marc Khachfe.

[Галерија] Светските метрополи фотографирани од „вселената“

Кога Кhachfe ги видел неверојатните фотографии на градови погледнати од вселената, тој сакал фотографијата на Лондон да ја стави во својата канцеларија, но увидел дека квалитетете е лош кога ќе се испечатат во голем формат.

Затоа одлучил да ги искористи своите вештини како професионален 3D аниматор и 2D креатор, за да создаде своја верзија на овие слики, но со одличен квалитет.

„Воопшто не користев фотографии во нивното создавање“, вели Marc. „ Само ги имав зачувано фотографиите од  Меѓународната вселенска станица на мојот десктоп како идеја“, додава уметникот.

Marc ги наоѓа јавно достапните податоци за мапите од метрополите за улиците, зградите, каналите и брегот на секој град, а потоа користејќи ги своите вештини го создава ефектот на светло на улиците и зградите.

„ На крајот користев Фотошоп за да ги составам сите компоненти заедно и си играв со боите и отсјајот за да ја отсликам реалноста,” вели Марк.

„Набрзо сфатив дека секој град бара посебен пристап за да биде како што треба. Не можам да користам исто светло, компоненти и филтри или да го автоматизирам креирањето на новите градови, бидејќи густината на патиштата и зградите е различна во секој град, па морав да имам посебен пристап“, додава авторот.

Многу американски градови ги имаат отворено своите податоци кои можат да помогнат за пореални слики.

„Може да потрае додека да се најдат податоците што се потребни понекогаш, но сето тоа е дел од забавата“, заклучува Marc.

Лондон 

1

Чикаго

2

Рио де Женеиро

3

Париз

4

Сан Франциско

5

Лас Вегас

6

Хамбург 

7

Далас 

8

Монтреал

9

Извор: Гардијан