[Галерија] Фотографии на National Geographic покажуваат како климатските промени влијаат на светот

Ефектите на климатските промени се веќе видливи во сите заедници низ светот. Долгите суши ги пустошат полињата од Тексас до Танзанија. Моќни бури ги поплавуваат домовите, од Северна Каролина до Непал. На најдалечните краеви на планетата, глечерите се топат, а цели хабитати исчезнуваат.

За време на ваквите промени, глобална група фотографи успеваат да ги претворат овие загрижувачки реалности во колекција од вчудовидувачки глетки од нивните сопствени дворови.

National Geographic ѝ даде задача на својата онлајн фотографска заедница, наречена Your Shot, да испратат фотографии на тема климатски промени предизвикани од луѓето.

„Се надеваме дека со тоа климатските промени ќе бидат пореални за луѓето“, вели Моника Коркоран, директорка на заедницата Your Shot.

„Тоа не е нешто што ќе им се случи на идните генерации – навистина ги гледаме ефектите како се случуваат денес“, додава.

Ова се некои од највпечатливите фотографии:

Ледена пештера во исландскиот Свинафелсјокул глечер се зголемува поради ефектите на глобалното затоплување. Исландските глечери изгубиле 12 проценти од нивната големина од 2000 година.

Исушени бари во Израел предизвикани од недостатокот на дожд.

 

Поглед од птичја перспектива кон лебдечкото село Чонг Кнеас, во Камбоџа. Сезонските циклуси на езерото му се закануваат промените во врнежите и растечките температури.

Фабриките на брегот на Сингапур – големи емитори на стакленички гасови.

Жена на индискиот остров Мусуни, на Бенгалскиот залив, каде пораст на морското ниво се заканува дека трајно ќе ги исели семејствата од нивните домови.

Кучиња-чувари се соочуваат со поларни мечки на архипелагот Франц Јозеф. Како што исчезнува мразот на Арктикот, мечките сѐ почесто се доселуваат во човечките населби во потрага по храна.

Исушена почва во сушната област Пурулија во Западен Бенгал, Индија.

Човек реди трупци дрва воо планините Загрос, близу Хамедан, Иран. Исечени се 30 проценти од шумите.

Рибар во исушеното езеро во калифорниските планини Сиера Невада.