[Галерија] Фотограф посетува познати туристички места и фотографира во обратната насока

Фотографот Оливер Куртис ја искажува неможноста да се импресионира од познатите споменици и туристички атракции, преку фотографирање на глетката која ја гледа во обратната насока.

Неговиот проект Volte-face е резултат на глобално патување, на кое ги посетил Таџ Махал, Статуата на слободата и Колосеумот, но го фотографирал она што може да се види спротивно од нивната позиција.

Серијалот „ве поканува да се свртите и да видите нов аспект на премногу фотографираните глетки во светот“, објаснува Куртис, „за да го насочите погледот на друго место и да му дадете предност на инцидентното, а не на монументалното“.

Преку вртење грб на спомениците, фотографот има дури и поинтересен поглед, поглед кој го нуди само современиот туризам, пишува Independent.

Поглед од Пирамидата на сонцето

Поглед од позицијата на „Мона Лиза“ во Лувр, Париз

Поглед од статуата на Исус Спасителот во Рио

Поглед од Статуата на слободата, Њујорк

Поглед од Белата куќа, Вашингтон

Поглед од Ватикан, Рим

Поглед од Музејот на Ленин, Москва