[Галерија] Финалисти на натпреварот за најдобра фотографија од сурфање

Објавени се финалистите од фото-натпреварот на Никон за избор на најдобра фотографија од сурфање за 2016 година. Секоја година, Австралија ги привлекува најдобрите фотографи во земјата да учествуваат на натпреварот. Оваа година е избрана листа од 20 фотографии, а победникот ќе биде прогласен на доделувањето на наградите, кое ќе се одржи кон крајот на годината. Победникот добива целосна фотографска опрема од Никон вредна пет илјади долари. Во продолжение, погледнете дел од финалистите: