[Галерија] Елгин парк – ретро град на оптичките илузии

Искуството во животот го доведе Мајкл Пол Смит до создавање на Елгин парк, измислен град од 20 век исполнет со минијатурни макети на автомобили и згради. Смит ги спојува внимателно изработените модели на сцени со намалените автомобили и позадината од реалниот живот искористувајќи ја предноста на оптичката илузија позната како принудна перспектива.

Неговите фотографии станаа хит на интернет собирајќи над 70 милиони прегледи на неговиот профил на Flickr.

Неодамна тој низ разговор со режисерот и продуцент Дени Јорд дискутираше за неговите лични предизвици и животни искуства кои се сега движечка сила за неговата фотографија. Разговорот со овој фотограф е достапен на овој линк.

Извор: thisiscolossal.com