[Галерија] Еко-акции низ целата држава – граѓани го ослободуваа јавниот простор од ѓубре

Во маало, пред зграда, во најблискиот парк, на автопатите, во селата и централните градски подрачја… голем број граѓани денеска ги засукаа ракавите и направија чистка.

Акцијата, која првично беше најавена на социјалните мрежи, денеска се одвиваше низ целата држава. Граѓани постојано постираат фотографии од своите акции на кои учествуваат во група, или пак самостојно.

Иницијатори беа активистите на “Не биди ѓубре”, кои ја искористија симболиката на Денот на народното востание, 11 Октомври, да ги повикаат граѓаните да се вклучат во борбата против најголемиот окупатор – ѓубрето.

-Ѓубрето со години ги узурпира сите јавни простори и го обезема нашето секојдневие. Време е да кажеме доста беше – стои во апелот.

Во продолжение, погледнете дел од локациите каде што се чистеше:

 

Еко-акција во Охрид