[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Во својата серија насловена „Dust and Grooves“, фотографот Eilon Paz ги претставува луѓето чија пасија се грамофонските плочи. Патувајќи низ целиот свет за да ги најде овие винил-фанатици, Paz низ фотографиите се обидува да го долови жарот на фановите вљубени во винилот како музичка платформа.

Ми требаше многу време за да ја натерам диџејската легенда Gilles Peterson да ми даде интервју, вели Paz. „Ми се допадна тоа што кога го прашав да издвои некоја за него влијателна плоча, наместо да извади нешто непознато и опскурно, тој се одлучи за издание на Earth, Wind & Fire“.

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Miriam Linna и Billy Miller се сопственици на издавачката куќа Norton Records во Бруклин, а во исто време и двајцата се музичари. Поради поплава во подрумот морале да ги пренесат своите плочи во куќата, која сега наликува на огромно складиште на плочи.

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Диџејот Rich Medina во својата огромна колекција плочи дел наречен „Baby makers“ – музика, која според него е добра за „специјално расположение“. Тој вели дека дел од читателите сигурно биле зачнати со музика од оваа секција.

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Questlove, тапанарот и еден од фронтмените на бендот The Roots, има неколку соби преполни со плочи од подот то таванот.

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Музичката новинарка Sheila Burgel  е една од ретките жени меѓу колекционерите. Нејзиниот вкус за музика е прилично чуден, со акцент на поп-групите составени од тинејџерки од 60-те години. Настрана од големиот број метал-албуми кои ги има, во колекцијата на Burgel нема многу машки музичари.

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Mickey McGowan е поранешниот менаџер на „Музејот на непознатото“, кој по неговото затворање, ги задржал голем дел од експонатите во својот дом. „Седевме во куќата и слушавме звуци од штурци на неговиот квадрофоничен систем. Тоа беше неверојатно искуство“, вели фотографот Paz.

vin-6

Bob Mays е прочуен трговец со плочи од Детроит, кој по цели денови седи во својата мала куќарка, пушејќи цигара за цигара и слушајќи ги неговите ретки соул-плочи.

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Amnon Nissim е израелски вљубеник во винилот, кој , покрај другото, има и музеј посветен на рекетбол во неговата куќа.

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Joey Altruda, музичар од Лос Анџелес

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет

Margaret Barton Fumo е млада диџејка која собира плочи од жанровите прогресив рок и психоделија

[Галерија] Eilon Paz: Винил-фанатици од целиот свет