[Галерија] Добредојдовте во алтернативниот и креативен свет на „FreeQ“

„FreeQ – Freedom Qulture Gathering“ е собир во Полска каде се здружуваат хипици, алтернативци, креативци, слободоумни луѓе од цел свет.

На собирот има предавања и работилници за алтернативни начини на живот, рециклирање и занаетчиство. Луѓе истовремено играат разни друштвени игри, жонглираат, пејат и играат околу кампот, јадејќи здрава храна.

Сето ова се случува во природа обиколена со инсталации од рециклирани и органски материјали, во ритамот на музика која ги задоволува музичките истражувачи.

Во продолжение, погледете дел од атмосферата на годинешниот „FreeQ“ преку фотографиите на Јакуб Вронко.