Уметникот, графички дизајнер и активист Зоран Кардула објави нова галерија преку boredpanda, повторно забавна комбинација од два различни стила, кои доаѓаат од ист временски период, но од два различни делови од светот.
Од една страна, филмски постери кои се од руската авангарда, која го достигна својот врв меѓу 1917 и 1932 година. Ова движење направи огромно влијание врз дизајнот на филмските постери. Од друга страна, тука се Мики Маус и неговите пријатели, анимирани ликови од 1928 година. Тие сè уште се популарни ширум светот и се познати од секоја генерација.
„Тоа е чудна комбинација, но некако функционира“, соопштува Кардула.
Погледнете ги овие 10 филмски постери од ликовите на руската авангарда и ликовите на Волт Дизни.