Уметницата Марина Де Бри од Сиднеј го трансформира ѓубрето кое го наоѓа во океанските води или исфрлено на плажите во модерна облека, или како што таа ја нарекува – „trashion“.
Де Бри е гласен активист против загадувањето на океаните и се надева дека нејзината уметност ќе покаже „како ѓубрето кое го создаваме се враќа и не прогонува“.
За своите креации, таа користи се што може да пронајде: пластични ленти и ќеси, тениски топчиња, рибарски мрежи, капачиња и пластични шишиња, прибор и чинии за јадење, како и стиропорни чаши за една употреба.
Фотографиите и колекцијата на нослива облека на Де Брис, „Beach Couture: A Haute Mess“, ќе бидат изложени во Сиднеј месецов.