[Галерија] Дизајнери разубавија напуштена куќа во Детроит со 36 000 цветови

Во ноември минатата година, цвеќарката Lisa Waud отиде на јавнa аукција и купи напуштена куќа во Детроит, Мичиген, без воопшто да ја види. Распадната и осудена на пропаст, двокатната куќа беше исполнета со ѓубре, скршени шишиња, па дури и мртов пес, пишува Colossal.

Цената платена за неа била 250 долари. Но Waud имала визија. Таа планирала да покани цвеќари од Мичиген, Охајо, Њујорк и Канада за да ја наполнат оваа куќа со привремена уметничка инсталација од 36 000 цвеќиња. Пред неколку дена куќата беше отворена за јавноста. На отворањето му претходеше една година планирање и три дена деноноќна работа од десетици волонтери. Цветната куќа , во секоја соба има независни проекти и инсталации. Таа остана отворена за јавноста три дена, а билетите однапред беа распродадени.

Погледнете ги фотографиите од ова неконвенционално уметничко дело: