[Галерија] Џиновскиот зајак на Флорентајн Хофман стигна во Тајван

Холандскиот уметник  Флорентајн Хофман познат по креирање џиновски инсталации на животни кои ги расфрла низ светот, неодамна го покажа своето последно дело.

1

Лоциран во Тајван, „Moon Rabbit“ е огромен, но симпатичен зајак кој гледа кон месечината испружен врз воен бункер обраснат во трева. За да ја направи големата фигура која се базира на источноазискиот фолклор за зајакот кој живее на месечината, Хофман прво направил дрвена рамка, а за исполнување користел пена и водоотпорен материјал кој вообичаено служи за изградба на куќи. Во месец март, џиновски зајак на холандскиот уметник беше поставен во Белград.

6

5

4

3

Извор: Streetartnews