[Галерија] Девојките од Универзална сала

Со тричасовен уметнички перформанс на пет девојки пред излозите на Универзална сала, во организација на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, синоќа скопјани го доживеаја „шармот“ на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот.

Синоќешниот „Skopje red light district 2020“ беше потсетник дека сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди.

„(И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права“, велат од СТАР.

Дел од синоќешната атмосфера преку својот фотоапарат ја долови фотографот Ванчо Џамбаски. Целата галерија може да ја видите ОВДЕ.