[Галерија] Детски цртежи претворени во скапоцен накит

Tasarim Takarim е турска компанија за накит, која ги претвора детските чкртаници во фино изработен накит од сребро и злато.

Проектот започнал пред две години, кога уметниците Јасемин Ердин Тавукчу и Узгур Каравит се сетиле да ги претворат геометриски неточните детски цртежи во безвременски декоративен предмет. На тој начин, родителите би можеле да носат нешто што го симболизира нивното дете, а е покреативно од отпечаток од стапалото или дланката на детето.

Секое парче накит е уникатно, а често се потребни специјални алати и материјали за веродостојно да се реплицираат детските чкртаници.