Десет најдобри светски локации за журки на отворено

Рејвовите – масовните забави со електронска музика одамна не се просторно ограничени на напуштените стоваришта и гигантските клубови. Тие денеска се случуваат буквално секаде, од локациите на кои се снимале филмови, до џунгли и места со историско наследство. Летото доаѓа, па ова е згодно време за преглед на најдобрите локации за летни журки во светот, во избор на Pulse Radio:

Сетот на кој е сниман Star Wars во Тунис

[Галерија] Десет најдобри локации за журки на отворено

Les Dunes Electroniques е фестивал кој секоја година се случува во пустина во Тунис, на местото на кое е снимана четвртата епизода од оригиналниот серијал „Star Wars“.

Пустината Блек Рок, Невада, САД

[Галерија] Десет најдобри светски локации за журки на отворено

Речиси 30 години од своите почетоци во 1986, фестивалот Burning Man и натаму е меѓу најоригиналните и највпечатливите светски собири од ваков тип.

Петроварадинската тврдина, Нови Сад, Србија

Речиси 30 години од своите почетоци во 1986, фестивалот Burning Man и натаму е меѓу најоригиналните и највпечатливите светски собири од ваков тип.

Изградбата на ова импресивно здание почнала во 1692, за да заврши по цели 88 години, во 1780. И покрај нејзината богата историја, славата во кусите петнаесетина години на фестивалот EXIT во 21 век сериозно почна да ги засенува битките од минатото.

Плажата Остенд, Белгија

 Десет најдобри светски локации за журки на отворено

Секоја година, мирното гратче Остенд во Белгија се претвора од семејно туристичко одредиште, во разуздана рејв-дестинација. Фестивалот се одржува пет години по ред, а најавен е и за годинава.

Blue Venado, Плаја дел Кармен, Мексико

Секоја година, мирното гратче Остенд во Белгија се претвора од семејно туристичко одредиште, во разуздана рејв-дестинација. Фестивалот се одржува пет години по ред, а најавен е и за годинава.

Можеби најпопуларната локација на фестивалот BPM, плажата со беспрекорен поглед на Карипското море освојува со својата локација и изолираност.

Тврдината Пунте Кристо, Пула, Хрватска

 Десет најдобри светски локации за журки на отворено

2000 години старата римска тврдина е дом на два големи музички настани: Dimensions и Outlook, кои се одржуваат речиси еден по друг, во август и септември.

Далт Вила, Ибица, Шпанија

 Десет најдобри светски локации за журки на отворено

Напроти сите клубови и плажи на најпознатиот светски журкаџиски остров, неговите најоригинални забави се финалињата на IMS, кои се одржуваат на врвот на тврдината Света Луција во градот Ибица.

Паркот Орсула, Дубровник, Хрватска

 Десет најдобри светски локации за журки на отворено

Прекрасна историска локација во близина на Дубровник, со поглед на Јадранското море, на која секоја година се организираат концерти и журки со светски музичари и диџеи.

Амфитеатарот Ред Рокс, Колорадо, САД

 Десет најдобри светски локации за журки на отворено

Природниот, акустички совршен амфитеатар се наоѓа во близина на Денвер, а тој постојано привлекува по 8.000 музички фанови, кои следат најразлични настани: од концерти на бендови како U2 или Grateful Dead, до журки како сега веќе легендарната со Daft Punk во 2007.

Secret Solstice, Рејкјавик, Исланд

 Десет најдобри светски локации за журки на отворено

Овој фестивал се одржува во најсеверниот главен град во Европа, во време кога сонцето практично три дена не заоѓа, во средината на летото. Спиењето не доаѓа предвид.