[Галерија] Деликатните предмети на шпански уметник направени од цвеќиња

Шпанскиот уметник Ignacio Canales Aracil создава садови со користење само на пресувани цвеќиња. Уметноста на пресувањето датира илјадници години, пресуваните цвеќиња биле откриени во 3000-години стариот ковчег на мајката на Тутанкамон во Египет, а грчките и римски ботаничари исто така биле познати по тоа што имале техники за зачување на растенијата. Сепак, методот на Aracil е малку поинаков и се потпира на големи конусени калапи во кои внимателно се поставени исплетени парчиња од рачно набрани цвеќиња. Парчињата се сушат и до еден месец, без помош на лепила и се попрскуваат со светлосен лак за заштита на скулптурата од влага.