[Галерија] Децата од кампот пред МОН

Веќе трет ден учениците од Средношколскиот пленум кампуваат во Паркот на новинарите, спроти Министерството за образование и наука со барање да се врати стариот начин на полагање државна матура, како и да се стави во мирување екстерното тестирање.

Преговорите на релација Средношколски пленум и МОН продолжуваат откако и денеска, на третата средба со министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски не беше постигнат договор. Истовремено со кампувањето пред Министерството, продолжува и бојкотот на наставата во голем број средни училишта низ земјава.

Погледнете дел од атмосферата на „средношколскиот фронт“ низ фотографиите на Ванчо Џамбаски, направени доцна попладнево во кампот пред МОН.