[Галерија] Цвеќарка креира накит со живи растенија

Цвеќарката Сузан МекЛири од САД создава накит со сукуленти, кои растат додека ги носите.

Сукулентите се посебно избрани за секое парче накит. Потоа, МекЛири ги додава на модните додатоци, каде растат во период од 2-4 недели.

Откако растенијата ќе станат преголеми за да стојат на накитот, можете да ги отстраните од основата и да ги засадите. На тој начин, растенијата не се уништуваат како за накитот со сушени цвеќиња, туку може и понатаму да се одгледуваат.

Дизајнерката вели дека овој накит е одличен симболичен подарок за невести.

Инаку, Сузан вели дека станала цвеќарка ненамерно. Правела накит како хоби, кога нејзина пријателка ја замолила да и го дизајнира свадбениот букет.

Тогаш започнала да се занимава со цвеќарство, а потоа и со креирање на накитот со живи растенија. Бидејќи имало голема заинтересираност за креативните модни додатоци, почнала да ги продава на Etsy.

Извор: Bored Panda