[Галерија] Црно-бели фотографии ја покажуваат моќта на природата

Фотографот Мич Добраунер патува низ Америка и фотографира огромни бури кои се појавуваат во руралните средини во Оклахома, Канзас и Северна Дакота. Инспириран од фотографите како Мајнор Вајт и Ансел Адамс, тој доловува неверојатни пејзажи кои потсетуваат на суровата моќ на природата. Грмотевиците и торнадата често се појавуваат во црно-белите фотографии на Добраунер. Тој фотографира и организира изложби низ Америка и во странство од 2005 година. Во продолжение, дел од неговата црно-бела фотографија: