[Галерија] Авангардната фотографија во раниот Советски Сојуз

По Октомвриската револуција во Русија во 1917, многу млади уметници-Евреи, ослободени од дотогашниот царски антисемитизам, се свртеле кон моќта на фотографијата за документирање на животот во младата република. Но, како што се менувало раководството во Советскиот сојуз, се менувале и фотографиите. Оваа промена е прикажана во изложбата „The Power of Pictures: Early Soviet Photography, Early Soviet Film“, која е отворена во Еврејскиот музеј во Њујорк до 7 февруари.

Комунистичката влада на Советскиот сојуз ги преферирала фотографиите и филмот како главно средство на пропагандата, затоа што околу 70 проценти од луѓето во тогашната држава биле неписмени. Во првите години, уметниците биле охрабрувани да испробуваат авангардни фотографски техники. Еве некои фотографии од тој период, дела на Александар Родченко, Аркадиј Шајхет и Георгиј Зелма

sov-1

sov-10

sov-2

sov-3

sov-6

sov-7

sov-8

sov-9