[Галерија] Анимирани македонски знамиња од Небојша Гелески

Графичкиот дизајнер Небојша Гелевски создаде серија нови анимирани македонски знамиња, инспириран од поезијата на @therealpsmst и неговата книга „Многудетна“.

Проектот Гелевски го започнал во 2014 година, а во него е прикажана „опсесијата на режимот со размножувањето на Македонците и кампањското инсистирање на многудетност“ во нашата држава, инаку една од најсиромашните земји во Европа. Знамињата на Гелевски ја исмеваат оваа опсесија на едноставен, но ефектен минималистички израз, пишува okno.mk.

Гелевски претходно има создадено серија сатирични знамиња за слободата на говор, иселувањето на младите од Македонија, слободите и правата на граѓаните и други општествени теми.