[Галерија] Амстердамскиот фестивал на ослободување на канабисот

Изминатата недела во Флевопарк во Амстердам се одржа Фестивалот на ослободување на канабисот. Фестивалот, кој се одржува веќе осма година, е најголем настан во чест на легализацијата на канабисот во Холандија.

Оваа година, главната порака беше борбата против „бесцелната војна со конопот“, велат организаторите. Со тоа упатуваат на фактот дека во Холандија пушењето и продавањето на марихуана е дозволено, но одгледувањето е илегално, пренесува Vice.

Холандскиот фотограф Мартен Делобел се придружил на публиката составена хипици, туристи, љубители на канабисот и познавачи, кои го поминале денот купувајќи на пазарот на коноп, релаксирајќи се на лулашките и гледајќи документарци за темата.