[Галерија] Алпинисти од „Матка“ спасија маче кое 3 месеци било заглавено во бунар

По повик на Здружението „Анима Мунди“, алпинисти од Алпинистичкиот клуб „Матка“ успешно извадија маче заглавено во 10-метарски бунар.

Како што информираа од „Анима Мунди“, мачето било заглавено во бунарот 3 месеци.  Соседите го хранеле, му симнувале кофа со вода, но сите досегашни обиди да го извадат им биле неуспешни.

Мачето веќе пораснало во бунарот.