[Галерија] Активистите протестираат поради трките со бикови во Шпанија

Стотина полуголи активисти, прекриени со црвена боја која симболизира крв, излегоа на протест пред влезот на еден од шпанските рингови за борба со бикови. Демонстрантите, меѓу кои некои носеа и рогови од бикови, легнаа на земја пред познатиот ринг во Памплона, градот каде се одржува познатиот фестивал „San Fermin“ во кој биковите се пуштаат да трчаат низ улиците на градот, заедно со луѓето.

„Улиците на Памплона се прекриени со крвта на биковите“, се дел од транспарентите на активистите на „AnimaNaturalis“ и ПЕТА -интернационалното здружението за етички третман на животните.

Фестивалот во Памплона се одржува секоја година, од 6 до 14 јули, и е мета на постојани критики од страна на активистите кои се борат против суровоста врз животните. Со протестот активистите уште еднаш ја повикаа шпанската Влада да го запре теророт и изживувањето врз биковите.