[Галерија] Акција за садење љубичици низ Скопје

„Дали ги имате забележано камените блокови низ Скопје? Често се користат како канта за отпадоци, но всушност се жардињери наменети за зеленило. Одлучивме да ги потсетиме нашите граѓани на ова, со тоа што од блоковите исчистивме пикавци, пластични чашки и шишиња и на нивно место засадивме љубичици“.

Погледнете ја галеријата од акцијата низ Скопје на ViridiQ, младинска иницијатива која сака да ги охрабри граѓаните да направат промена во начинот на нивното живеење, да преземат акција, да развијат еколошки навики и да се стремат кон создавање помалку отпад.