[Галерија] Ајдучко маало во Тетово

Во Ајдучко маало се наоѓа еден од најпознатите паркови во Тетово кој во вечерните часови го посетуваат младите, а преку денот тука си играат малите деца. Но овој парк воопшто не личи на оние паркови кои ги гледаме во филмовите. Инвентарот е целосно оштетен. Од клупите се останати само држачите за раце и по некоја оштетена даска, од клацкалките и лулашките има само некои делови,  кошаркарскиот терен има кош без обрач. Во овој парк се чини дека воопшто не е инвестирано со децении.

Фотографиите од паркот ги направија членовите од Медиа/арт клубот од Тетово: Емилија Панчева, Габриела Наумовска, Добрила Грујиќ, Мартина Костеска, Тамара Димитровска, Марија Аризаноска и Јована Петровска.