[Галерија] Аеродроми на кои чекањето е задоволство

Патниците кои патуваат до одредена далечна дестинација најчесто се жалат на временскиот простор помеѓу два лета, меѓутоа на овие аеродроми, секој би сакал да „заглави“. Од тобогани, до огромни цветни градини, ова се аеродромите на кои чекањето претставува задоволство.

Меѓународниот аеродром во Инчеон, Северна Кореја

Аеродромот во Северна Кореја нуди цела листа на активности кои може да се прават пред да се полета. Тој е опремен со две кина, музеј, седум градини и лизгалиште. Во случај ова да не е доволно, на аеродромот се одржуваат настани во живо и концерти. Ова претставува и најчистиот аеродром во светот.

Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур

Нарекуван „аеродром во шума“ со оглед на тоа дека е опколен со 86 врсти дрвја. Исто така, внатрешноста на аеродромот е покриена со зеленило.

Аеродромот во Сингапур

Следен на листата е аеродромот во Сингапур, кој на патниците им нуди Xbox 360 и PlayStation игри, кино и реплика на куќа од „Хобит“. На аеродромот постојано функционираат градини со водопади и половина милион растенија.

Меѓународниот аеродром МекКаран во Лас Вегас

Овој аеродром располага со разни уметнички инсталации. Исто така, во самиот аеродром се сместени 1,234 автомати на кои патниците можат да си ја пробат среќата.

Аеродромот во Минхен

Покрај многуте можности што ги нуди аеродромот, патниците додека чекаат можат и да сурфаат на базентот што испушта вештачки бранови.