[Галерија] 75 илустрации на Зоран Кардула за 75 споменици

Денес (29 ноември) се навршуваат 75 години од формирањето на Југославија. Во таа чест, уметникот, графички дизајнер и активист Зоран Кардулa претставува 75 илустрации на исто толку споменици посветени на НОБ.

„Овие споменици со својата убавина и авангардност сеуште се наоѓаат на пиедесталот на светската архитектура. Спомениците делуваат како да се од друг свет, стил кој ја воодушевува и светската јавност. За жал некои од спомениците повеќе не постојат. Некои како жртви на војната која беснееше на просторот на поранешната татковина, а дел настрадаа поради негрижата и немарноста“, соопштува Кардула.

Тој потенцира дека му е чест што дел од животот го минав во една таква земја како Југославија во која има дадено огромен допринос во областа на уметноста, дизајнот и архитектурата.

„Со овие илустрации сакам да одадам почит кон сите уметници кои ги создале овие уникатни архитектонски дела. Уживајте!“, вели Кардула.

Преостанатите илустрации од спомениците може да ги видите ТУКА