[Галерија] 20 најиконични фотографии на Ројтерс за 2016

Новинската и фотографска агенција Ројтерс ги објави своите фотографии на годината за 2016.

Комплетната листа се состои од 100 фотографии на различни теми – политика, природни катастрофи, природа, спорт…

Ги издвоивме 20-те највпечатливи, а комплетната галерија може да се најде овде.

Усаин Болт му се насмевнува на канадскиот спринтер Андре Де Грас, водејќи на трката на 100 метри на полуфиналето на Олимпијадата во Рио на 14 август.

reuters-kai-pfaffenbach

Девојка од Чиле која протестира се пресметува со полицаец, на демонстрација во чест на воениот пуч од 1973, на 12 септември.

reuters-carlos-vera

Присутните држат транспарент на кој пишува „Те сакаме Мухамед“ на поворката кон погребот на боксерската легенда Мухамед Али во Луисвил, Кентаки, на 10 јуни.

reuters-adrees-latif

Џиновската статуа на Мао Цетунг, изградена во чест на починатиот лидер на Кина, провинцијата хенан, 8 септември.

reuters-china-stringer-network

Чувар на кралицата се онесвестува за време на Парадата на чуварите, годишен настан кој се одбележува на 11 јуни.

reuters-dylan-martinez

Дваесет и три џиновски панди, загрозен вид, беа родени во 2016 и „изложени“ во Истражувачката база Ченгду.

reuters-china-daily-information-corp

Луѓе се прегрнуваат после молење на протест на Black Lives Matter против полициска бруталност, Далас, Тексас, 10 јули.

Жена е ранета во воздушен напад во Стар Алепо, Сирија, 28 април.

reuters-abdalrhman-ismail

Човек јаде бисквита откако бил спасен на брегот на Либија, 23 јуни.

reuters-darrin-zammit-lupi

Решма Кереши, индиска манекенка и жртва на напад со киселина, ја шминкаат пред ревија на дизајнерката Арчана Кочнар, Њујоршка модна недела, 8 септември.

reuters-lucas-jackson

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД, Барак Обама во Берлин, 17 ноември.

reuters-fabrizio-bensch

Доналд  Трамп и Хилари Клинтон одговараат на прашања на публиката на претседателска дебата, 10 октомври.

reuters-rick-wilking

Дејвид Камерон и неговото семејство си одат од Даунинг Стрит 10, на неговиот последен ден како прв министер на Велика Британија, 13 јули.

cameron

Обожавателка со Зиги Стардаст тетоважа го посетува муралот на Дејвид Боуви во Брикстон, Лондон, 11 јануари. Боуви почина од рак на 10 јануари.

reuters-stefan-wermuth

Поплавена куќа после ураганот Метју, 11 октомври.

reuters-carlo-allegrione

Деца бегалци си играат во кампот Идомени, на границата меѓу Македонија и Грција, 15 март.

reuters-alexandros-avramidis

Ему бега од шумски пожар во Потреро, Калифорнија, 20 јуни.

reuters-mike-blake

Бијонсе и Крис Мартин од Колдплеј настапуваат на полувремето на Супербоул 50.

reuters-lucy-nicholson

Муслиманка стои на брегот на Средоземното Море во Тел Авив, а Израелка стои зад неа, 23 август.

reuters-baz-ratner

Човек носи багети во поплавената куќа на мајка му во Шарлет-сур-Лоин, Франција, 1 јуни.