[Галерија] 20 моќни жени илустрирани од Зоран Кардула за Меѓународниот ден на жената – 8 Март

Секоја година, за Меѓународниот ден на жената – 8 Март, македонскиот илустратор Зоран Кардула традиционално споделува свои илустрации посветени на храбри жени од целиот свет. Во изминатите години тој објавил 91 илустрација посветена на сите жени добитнички на југословенскиот „Орден на народен херој“, исто така, портрети на жени борци од Шпанската граѓанска војна.

„Оваа година решив да објавам илустрации на 20 жестоки активистки. Тие го расчистуваа патот за секоја жена и претставуваат секојдневна инспирација. За жал, некои од нив сè уште се соочуваат со затворски казни и гонења. Нивната работа треба да биде наш пример и инспирација за тоа како да се изгради подобра иднина за секого“, вели тој во објава за Bored Panda.

Целосната галерија со илустрации е достапна на следниот ЛИНК.