Гала оперски концерт на 9 октомври во Националната опера и балет

На сцената на Националната опера и балет, на 9 октомври со почеток во 20 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе диригира Иван Еминовиќ.

Ќе настапат оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска Илкова, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска Спасовска, Павлина Новакова Георгиев, Драган Ампов, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев, оркестарот и хорот на Национална опера и балет.

Режисер е Дејан Прошев, а концерт мајстор Климент Тодороски. Хор мајстори: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

Настанот, како што нагласуваат од Националната опера и балет, ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите во строго ограничен број се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk