Експресија, создавање убавина, додавање на дополнителна вредност, смисла и знаење на светот, авторство, уметност, чист облик на творечки имулс кој се еманира преку стиховите, се само дел од асоцијациите кои се врзуваат со поетското творештво.
Поезијата е една од најстарите форми на уметност, која успеала да ги преживее сите „премрежја“ и кризи, вклучително и алегориското протерување на Хомер од „Идеалната држава“ на Платон. Тоа покажува дека антополошки гледано, човечката потреба од убавото и уметноста во форма на поезија е вечна.
Прпознавајќи го суштинското значење на поетското творештво УНЕСКО во 1999 година, за време на 30-тата сесија на УНЕСКО во Париз во 1999 година токму денешниот датум 21 Март бил прогласен за Светски ден на поезијата.
Денот на поезијата често се слави заедно со денот на пролет, како симбол на новото раѓање и оптимизмот. Целта на денешниот Светски ден посветен на поезијата е промоција на читањето, пишувањето и објавувањето поезија, како и негување на културните различности преку стихови.



