Фудбалерите на Сао Паоло излегоа на терен со кучиња

Фудбалски тим на Сао Паоло стана актуелен во јавноста откако на последниот натпревар, фудбалерите од овој клуб наместо со деца, излегоа со кучиња на терен. Причината за тоа е да го поттикнат вдомувањето.

Секој играч излегол со куче покрај себе, со цел да го промовира вдомувањето на улични кучиња. Целата акција добила огромна поддршка и аплауз од трибината.

Бразилските медиуми се пошегуваа велејќи дека кучињата им донеле среќа на фудбалерите во првото полувреме, иако на крај, натпреварот завршил нерешено.