Фронтекс: За две третини намален бројот на бегалци кои пристигнале во ЕУ преку море

Во 2016 година преку морски пат пристигнале 364.000 луѓе. Во Грција пристигнале 182.500 бегалци и тоа е намалување за 79 отсто во споредба со 2015 година. Сепак, зголемен е бројот на бегалци кои дошле во Европа од Африка, соопшти Фронтекс.

Според Фронтекс, околу 181.000 бегалци дошле на тој начин во Италија лани, што е зголемување за 20 отсто во споредба со 2015 година. Најмногу мигранти се од Нигерија, Еритреја и Гвинеја.

Сиријци, Авганистанци и Ирачани ја користат Медитеранската рута по затворањето на Балканската. Меѓународната организација за миграција соопшти дека 2016 година била најсмртоносна за мигрантите во Средоземното море каде се удавиле речиси 5.000 луѓе.

Австрија предложи промена на европскиот систем за прием на мигранти и бегалци во ЕУ.