Фридом Хаус: Македонија го изгуби статусот на изборна демократија

Трите земји – Хондурас, Македонија и Малдивите минатата година го изгубија својот статус како изборни демократии, се вели во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата во светот.

Македонија според Фридом Хаус е делумно слободно држава со оценка од 3.5 и бележи надолен тренд во слободите поради скандалот со прислушувањето каде на виделина излезе широкиот владин надзор врз политичките и религиозните лидери, новинарите и другите граѓани.

„Македонија, Босна и Херцеговина и Косово сите патеа од дисфункција на владите во 2015 година. Партијата на власт беше имплицирана во изборна измама и огромен скандал со прислушување, со што се влоши жестокиот политички ќор-сокак со опозицијата што на крајот ја принуди ЕУ да преговара избори за 2016-та“, се вели во извештајот.

Минатата година во светот бројот на земји каде се појавил пад на слободите бил најголем во последните 10 години, и само 43 земји покажале напредок.

Економски кризи и страв од социјални немири ги доведоа Русија, Кина и другите авторитарни режими да притиснат повеќе за разбивање на отпорот, додека масовната миграција и новите форми на тероризам во 2015 година поттикнаа ксенофобични чувства во големите демократии, се вели во извештајот.