Free Spirit day – ден на скејтери, бајкери и забава во скејтпаркот во Охрид

Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид утре организира денска дружба во градскиот скејтпарк.

На настанот кој ќе започне во 19 часот се повикани скејтери, блејдери, бајкери, но и секој што сака да се забавува со музичкиот дел.

„Забавата и некоја пијачка е обезбедено од наша страна, вие скејтот под рака и ве чекаме“, стои во најавата за настанот.

Оваа година за прв пат се одржува алтернативно културно лето во Охрид, кое е во организација на Kултуролошката иницијатива „5 до 12“. Идејата  доаѓа од помислата да се подигне културната свест кај граѓаните и да се оствари поголема интеракција со туристите кои престојуваат во периодот на летото. Целта е да се даде една важност и акцент на она што го прават младите во Охрид. Од иницијативата велат дека овој настан е различен затоа што е несекојдневен и е достапен за сите.