Франција забранува детски натпревари за убавина

Францускиот сенат го усвоил предлогот за забрана за натпреварите за убавина на девојчиња под 16 години, за да се спречи поставувањето на децата во сексуална конотација и нивната хипер-сексуализација.

Франција забранува детски натпевари за убавина

За предлог-законот гласале 147 пратеник, а само еден глас бил против. По гласањето во Сенатот, за предлогот ќе се изјасни Националното собрание. Овој предлог е донесен по извештајот на парламентот „Против хипер-сексуалноста: Нова борба за еднаквост“, кој се повикува на забрана на детските броеви на облека за возрасни, како што се градници со потполнки за зголемување на градите и високи потпетици, како и забрана за одржување на избори за убавина за девојчиња под 16 години.

Со законот се предвидува казни за организаторите на натпреварите за деца и до 30.000 евра. Повод за новиот закон е провокативната фотографија објавена во магазинот „Вог“ од декември 2010, на која е прикажано 1о-годишно девојче од Франциј

Девојчето било нашминкано со јаки бои, со припиено фустанче, со високи потпетици и скап накит. „Вог“ даде образложение дека објавувањето на фотографијата е поради тоа „што е вообичаено децата да сонуваат да се облекуваат како нивните мајки“

Извор: Нова Македонија/BBC