Французинка со Даунов синдром ќе биде презентерка на временска прогноза

Жена со Даунов синдром го оствари својот сон да биде презентер на временска прогноза преку Фејсбук кампања што ја поддржаа десетици илјади луѓе.

Мелани Сегард, 21, ја доби можноста да ја презентира временската прогноза на националниот телевизиски канал „France 2“, откако претходно ги предизвика француските телевизии да ја ангажираат ако добие 100 000 допаѓања на нејзината страница, „Мелани може да успее“.

Tаа треба да започне со својата нова работа од 27 март.

Сегард изјави: „Јас сум различна, но сакам да им покажам на сите дека можам да правам многу работи. Сакам да го докажам тоа така што ќе се појавам на телевизија“.

Нејзината страница беше креирана од хуманитарната организација „Unapei“, која се залага за луѓе со попреченост.

Лук Гато, претседател на организацијата изјави: „Симболично е многу силно тоа што млада жена со интелектуална попреченост може да застане пред милиони Французи за да направи нешто што и е драго“.

„Ова се луѓе, кои и покрај нивната попреченост, имаат способности. Тие единствено бараат да ги изразат под услов да им посакаме добредојде во свет способен да се адаптира на нивниот хендикеп“, додаде тој.

Сегард ќе ја презентира временската прогноза и на каналот „BFMTV“, исто на 27 март.