Французин сака да го преплива Тихиот Океан за да го сврти вниманието кон загадувањето на океанот

Французинот Бен Лекомт, првиот човек кој го препливал Атлантскиот Океан во 1998 година, сега се обидува да биде првиот кој ќе го преплива Тихиот Океан. Рекордерот го започна предизвикот не само за себе, туку и за подигнување на свеста за загадувањето, заштитата и зачувувањето на океанот. Лекомт досега поминал речиси 2.000 километри од неговата почетна точка во пристанишниот град Јокохама, Јапонија.

„Моите амбиции не се насочени кон достигнувањето”, рече Лекомт за неговиот подвиг.

„Но, важно е да има пресвртници за да се прослави секој напредок“.

Пливачот помина една петтина од неговата експедиција долга речиси 9.000 километри.

И покрај шестгодишната подготовка, Лекомт и неговата екипа морале да ги надминат многуте пречки откако ја напуштија Јокохама во јуни. Тимот бил принуден да се врати кон пристаништето поради тајфуните, имале морска болест и биле пренасочи неколку пати за да ги избегнат товарните бродови.

Освен тоа, Лекомт се обидува да плива во просек по речиси 50 километри на ден, потпомогнат од водните струи и исхраната базирана на протеини и 8.000 калории. Во текот на пливањето кое трае осум часа дневно, тој исто така собира отпад фрлен во океанот.

„Секој ден собираме ѓубре”, рече Лекомт. „Навистина сум шокиран од количината на пластика што ја наоѓам секој ден“.

Тимот собрал повеќе од 1.300 парчиња ѓубре во текот на патувањето, собирајќи до четири примероци секоја минута со специјално дизајнирана мрежа.

Сепак, имало и многу позитивни моменти во текот на патувањето.

„Многу сум изненаден од неверојатните средби што ги имав среде океан – птици, медузи, делфини, китови, желки, па дури и ајкула што два дена ме следеше”, рече тој.

„Додека пливам секој ден, гледам дека оваа дива и убава животна средина е погодена од вирусот на пластика. Секој замав е посветен за да ги инспирира луѓето и да најдат начини да ја преиспитаат нивната потрошувачка на пластика на копно “.