Францускиот „Спајдермен“ ја искачи највисоката зграда во Барселона без опрема

53-годишниот Ален Роберт, попознат како францускиот „Спајдермен“, успеа да се искачи на врвот од највисоката зграда во Барселона без никаква опрема на себе.

Тој се искачи, а потоа и се симна од кулата Агбар за еден час.

Тој вели дека ја одбрал Барселона бидејќи знаел дека неговото искачување нема да му направи проблеми со полицијата, како што било случај досега во некои други земји.

Роберт е познат по искачувањето згради без опрема. Тој дури ја искачи и највисоката зграда во светот, кулата Бурж Калифа во Дубаи.

Во продолжение, погледнете како изгледа ваквото искачување од неговиот агол.