Францускиот режисер Бертран Таверние добитник на Златен лав за животно дело

Венецијанскиот филмски фестивал му ја доделува наградата Златен лав за животно дело на францускиот режисер Бертранд Таверние за овогодинешното 72. издание кое ќе се одржува 2-12 септември.

Директорот на фестивалот Алберто Бабера најавувајќи ја почесната награда, го опиша Таверние како „инстиктивно неконформистичен, силно еклектички авторски режисер“ кој бил значителна фигура во француската филмска кинематографија.

73-годишниот Таверние е филмски критичар кој, според зборовите на Бабера, е посветен на „откривање и проценување на непознати уметници“.

Францускиот режисер ќе биде гостин-директор на класичната секција на Венецијанскиот фестивал на која се прикажуваат заборавени или потценети дела.

Бертранд Таверние е добитник на четири Цезар награди, прогласен е за најдобар режисер на фестивалот Кан во 1984 година за филмот „Недела на село“ и е добитник на Златна мечка на Берлинскиот фестивал во 1995 година за филмот „Мамка“, а во два наврати бил кандидат за најголеми почести на Венецијанскиот фестивал.

Извор: Blic cineuropa.org