Француски возачи на автобус не смеат да носат шорцеви на работа, па протестираат носејќи здолништа

Температурите во Нант, Франција, достигнуваат рекордно високи температури, членовите на CFDT Semitan унијата, односно возачите на градските автобуси, не смеат да носат кратки панталони. Поради тоа, во знак на протест, доаѓаат на работа во здолништа и фустани.

Според медиумите, возачите ја нарекуваат забраната за носење кратки панталони „апсурдна“, и потенцираат дека жените возачи смеат да носат здолништа.

„Нашата униформа не е погодна за високи температури. Им завидуваме на жените во моменти како овие“, вели Дидие Советр, возач и член на унијата.

Тие велат дека нивниот протест е логичен, бидејќи патниците не можат да ги видат нозете на возачите додека седат, па не е важно дали носат долги или кратки панталони. .

„Не ја разбираме забраната“, вели еден возач. „Кога возиме, ние седиме, па патниците не ни можат да нè видат“.

Членот на унијата Габриел Мање, вели дека високите температури зад шофершајбната, во комбинација со недостатокот на климатизација во автобусите, прави да биде „неподносливо во панталони“. Вели и дека имаат „модерен пристап“ кон проблемот, што би им овозможило на возачите да носат шорцеви одвреме навреме, а додава и дека фактот што жените смеат да носат здолништа е дискриминација.

Иако Семитан на своите вработени им снабдиле „линија на полесни и летни панталони“, политиките за носење кратки панталони се строги.


„Голоногиот“ протест почна откако диспечер вработен во британски центар за повици, Џои Барџ, бил испратен дома бидејќи на работа носел кратки панталони. Во знак на протест, Барџ дошол на работа во светло-розев фустан наредниот ден. Како резултат, компанијата го променила дрес-кодот за мажите да можат да носат три-четвртински панталони во црна, тегет или крем боја.