Француски градоначалник по долна облека бара повеќе пари од државата

Градоначаникот на малиот град Ил-Сант-Дени во парискиот регион, Мишел Бурган од редовите на „Европа Екологија Зелени“ заедно со уште дваесетина општински советници се фотографираа по долна облека пред влезот на општината во знак на протест поради намалувањето на државните дотации, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова е првиот протест од ваков вид, пред официјалниот штрајк најавен за 10. декември. Не е само Ил-Сант-Дени е погоден од намалувањето на државните дотации, туку сите француски општини во рамките на буџетското штедење. За овој град штедењето ќе значи 10 отсто помал градски буџет или 750 000 евра помалку до 2017 година.

На фотографијата по долна облека е градоначалникот и 22 од вкупно 29 советници, кои се соблекоа извикувајќи „Доста со штедење!

Бурган не се откажува од протестите и веќе отвори петиција, која за една недела ја потпишаа 13.000 жители на регионот која ќе им ја предаде на нивниот пратеник од редовите на владеачката социјалистичка партија.