Повеќе од 2.000 бегалци и мигранти кои спиеле на улица во главниот француски град, во несанитарни и небезбедни услови, се иселени и транспортирани со автобус во привремени засолништа во средни училишта од страна на специјалните единици.
Стотици бегалци и мигранти пристигнаа во Порт де ла Шапел областа восеверен Париз, каде спиеле под мостови и крај патиштата, без пристап до вода, тоалети и храна, надвор од новиот помошен центар за баратели на азил во Париз, кој беше отворен во ноември.
Иселувањето почнало на изгрејсонце изапочнало мирно, додека полицајците надгледувале големи групи на мажи и жени од земји како Авганистан и Еритреја. Некои од нив носеле само мали ранци или пластични ќеси со својата сопственост.
Ова е 34-тата полициска евакуација на голем број на бегалци и мигранти кои спијат на улица во Париз, од 2015 година.
Хуманитарните организации предупредија дека Франција треба да воведе поодржлива долгорочна стратегија за процесирање и сместување на барателите на азил, во пристојни услови, наместо постојано да презема итна акција во последен момент.
Многумина од бездомниците секој ден правеле редици пред засолништето и чекале за место со часови, за на крај да им биде кажано дека е полно. Стотици спиеле на тротоарот пред портите, крај зафатени патишта. Во последниве седмици, повеќе од 1.000 луѓе спиеле таму, а хуманитарните организации велат дека повеќе од 200 пристигнувале секоја недела.