Француската алијанса во Тетово организира дискусија за слобода на говор

Француската алијанса во Тетово, Француската амбасада и Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, во четврток (12 февруари), организираат конференција на тема слободата на говор која ќе се одржи на Правниот факултет со почеток од 11 часот.

Истиот ден, со почеток во 17 часот, во просториите на Центарот за балканска соработка „LOJA“ ќе се одржи дискусија за слободата на говор. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се вклучат во дискусијата со цел да се разгледаат повеќе значења на овој поим.

Конференцијата и дискусијата се по повод неодамнешните случувања во Македонија, еден месец по нападите врз француската редакција на „Charlie Hebdo“ и неколку извештаи и настани кои ја критикуваа слободата на медиумите во државата и на Балакнот.

На отворениот разговор ќе зборуваат Жули Шамберланд од Француската алијанса, Јелена Пероска, Институт за развој на заедницата, Метин Муареми, Центар за едукација и развој – Теарце), Бехар Ферати, Арт галерија Тетово и Зоран Јовановски, новинар.

Презентациите ќе бидат на англиски јазик, но ќе има и превод.