Франција го забрани пластичниот прибор за јадење, чашите и чиниите

Франција ги засили напорите за намалување на загадувањето со воведување на забрана на пластичниот сервис за јадење.

Како дел од плановите на земјата да биде повеќе еколошки пријателска, пластичните ножеви, виљушките, лажиците, чашите и чиниите повеќе нема да бидат дозволени.

Новите мерки, кои стапија во сила минатиот месец, бараат од производителите до 2020 година да осигураат дека сите расположливи чинии во Франција се направени од биолошки материјал и може да се компостираат. Оваа одлука доаѓа откако во јули државата ги забрани пластични кеси.

Оваа забрана ја воведоа уште неколку држави и делови на Америка, но Франција е првата држава која целосно забрани употреба на пластичниот прибор за јадење. Ова доаѓа откако Париз беше домаќин на историската конференција за борба против глобалното затоплување.

Еколошките организации ја поздравија оваа забрана и се надеваат дека ова ќе биде пример за други држави, но од друга страна, противниците сметаат дека забраната ќе им наштети на корисниците и дека забраната ги крши правилата на Европската унија за слободно движење на стоки.

Загрижени дека француската забрана може да се прошири и во други држави, бриселската организација „Pack2Go“, која ги претставува европските производите на амбалажа, вели дека ќе продолжи да се бори против неа.

„Ние бараме од Европската комисија да ја направи вистинската работа и да преземе легална акција против Франција поради кршење на европскиот закон“, изјави генералниот секретар на организацијата Имон Бејтс.

„Ако Комисијата не го направи тоа, ќе го направиме ние“, додава тој.

Забраната првично беше предложена од европската еколошка Зелена партија и беше усвоена од француските пратеници со цел да се намали потрошената енергија и отпадот создаден од преработувачката индустрија, како и да се намали загадувањето предизвикано од пластичните отпадоци.

Екологистите сакаа забраната да се воведе во 2017 година, но беше одложена до 2020 година поради првичниот отпор на министерот за животна средина Сеголен Ројал. Според него, ова е „анти-социјална“ мерка тврдејќи дека сиромашните семејства секојдневно ги користат еднократните садови.